Нема потреба за грижа, со тоа само го штитите саканиот
Ако и кажете на пријателката дека добри и стои некој килограм вишок или на партнерката дека добар сон ќе го реши нејзиниот проблем, со тоа можеби ќе ги смирите саканите луѓе и ќе спречите да се чувствуваат уште полошо.
Лажењето многу често се смета за една од најлошите човечки маани затоа што никој не сака лажговци. Но животот често пати не учи дека одредени мали лаги и не се така опасни, а и едноставно не е возможно да се остане искрен во сите можни ситуации.
Психолозите од американските универзитети споделија дека паровите кои често изрекуваат некои мали лаги за кои нема последици, се многу посреќни од поголемиот дел од партнерите. Со тоа, се покажало дека всушност се свесни за чувствата на нивниот партнер и како тој се осеќа и со тоа го штитат. Благата лага е една врста на внимание кое го прави животот поубав.
Кога ќе забележите дека вашата пријателка од ден на ден станува се покрупна и загрижено ве прашува дали тоа се забележува, нема едноставно да и одговорите со – да, или ако вашиот уморен партнер ве прашува дали на него се забележува заморот и дали изгледа исцрпено, сигурно нема да додадете уште повеќе грижи кај него потврдувајќи дека изгледа лошо.