Шестгодишниот Јане Николов од с. Зрновци, Кочани, треба да оди на операција во Турција, а родителите ги замолија хуманите граѓани да помогнат кој колку може. Сметката на која може да се донира е следната: 290500018338167, ТТК банка.
Иницијативата е од нивна пријателка која на Фејсбук го сподели апелот за помош со фотографии и документи за лекувањето, но и видео од малиот Јане кој сака да оздрави.