Категории

„Кога мислеше дека не гледам..“ – Силни пораки на децата до своите родители

Секој наш збор, наше дело, наш израз или изглед, ги обликува срцата и душите на децата..

Затоа тие знаат дека се сакани, уживаат во длабочината на нашата прегратка каде што се чувствуваат сигурно и секогаш ќе ги склопуваат очите упивајќи ја топлината на животот која им ја даваме.
Овие кратки пораки ќе ви објаснат дека се што правиме, преку очите на нашите деца тоа патува до нивните срца.

„Кога мислеше дека не гледам,
видов како го ставаш мојот прв цртеж на фрижидерот,
и посакв да нацртам уште еден.

Кога мислеше дека не гледам,
видов како храниш напуштена мачка
И помислив колку е убаво да се биде добар спрема животните.

Кога мислеше дека не гледам,
видов како за мене ја правиш мојата омилена торта
и знаев дека и малите нешта можат да бидат многу посебни.

Кога мислеше дека не гледам,
го почувствував твојот бакнеж за добра ноќ,
и знаев дека ме сакаш.

Кога мислеше дека не гледам,
видов солзи на твоето лице,
и сфатив дека некогаш дури и родителите плачат,
и дека е во ред да се плаче.

Кога мислеше дека не гледам,
видов дека се грижиш,
и посакав да бидам се што можам да бидам.

Кога мислеше дека не гледам,
видов..
и посакав да ти кажам „фала“ за сите нешта
кои ги водв кога мислеше дека не гледам.“

Прегледи:
548
Објавено на:
22.11.2019