Категории

Духовити и искрени мудрости за бракот во кои многу парови ќе се пронајдат

Бракот е налик на печурка. Дали е отровна или не ќе забележиш дури кога ќе биде премногу доцна. – Мигел де Сервантес

Многу големи светски умови имале свој став спрема брачната заедница, некои ја „воздигнувале“ и претставувале како најважна човечка унија, додека други не биле баш воодушевени и не сметале дека бракот е добро нешто..
Па така тие велат дека за брак треба и мудрост и дека за него се учи од љубов а не од корист, дека не треба да се брза и треба добро да се размисли пред да се донесе било каква одлука.

Ви ги донесуваме нај духовитите и нај интересни цитати за бракот од големите умови:

-Бракот е нешто за што навистина човек секогаш се кае, било дали го склопил или не – Сократ

-Ожени се набрзина, ќе се каеш пополека – Народна поговорка

-Сепак подобро е да си оженет отколку мртов. – Жан Батист Молиер

-Кој сѐ уште не се оженил, всушност не направил ниту една голема грешка – Алек Гинис

-Бракот е налик на печурка. Дали е отровна или не ќе забележиш дури кога ќе е премногу доцна. – Мигел де Сервантес

-Мажот често се жали на жената, а жената на мажот. И двајцата се во право. – Италијанска народна поговорка

-Позади секоја успешна жена стои некој неуспешен брак – Зоран Петкович

-Мажот се жени за да побегне од други жени, а тогаш брка други жени за да побегне од својата. – Ромео Ролан

-Треба да се ожените само за убава жена, инаку нема да се ослободите од неа – Дени Кеј

-Колку повеќе жената го сака својот маж, тоа повеќе ги исправува своите грешки. Колку повеќе мажот ја сака својата жена, тоа повеќе ги зголемува своите маани. – Кинеска поговорка

-Совршениот брак подразбира слепа жена и глув маж – Мишел де Монтењ

-Постои само еден начин да имате среќен брак. Штом го откријам тој начин, повторно ќе се оженам. – Клинт Иствуд

-Бракот е земање и давање. Подобро дајте и го или таа сеедно пак ќе го земе. – Џои Адамс

Прегледи:
1025
Објавено на:
28.12.2019