Девицата има криза во љубовните односи, Овенот ќе оствари успех на деловно поле, Водолијата ќе ги оствари плановите.
ОВЕН
Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе го остварите. Можни се некои несогласувања со партнерот поради различните погледи и ставови. Можна е главоболка.
БИК
Свртете се кон нови деловни проекти и не се потпирајте премногу на старите. Доаѓа време за промени. Минатото кое го оставивте зад себе не е лесно но, научивте многу од него. Избегнувајте пороци.
БЛИЗНАЦИ
Финансиската ситуација не ви е сосема стабилна, а помислата на тоа многу ве фрустрира. Не сте подготвени за поголеми и посериозни потези на љубовно поле иако партнерот го очекува тоа од вас. Водете сметка за крвотокот.
РАК
Ве очекува можност за добра работа. Може да се надевате на среќни околности на ова поле. Доколку ви се допаѓа личност која сте ја запознале неодамна, нема да ви биде тешко да го најдете патот до нејзиното срце. Зголемен холестерол.
ЛАВ
Денешниот ден не е поволен за вас, можни се нови грижи и проблеми на работното место. Личноста која ви се допаѓа на некој начин почнува да се оддалечува од вас и тој нејзин пристап може да ве олади. Пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Пред вас е период на прилагодување на новите деловни околности и промените кои настапиле. Доколку сте во брак со саканата личност имате проблеми и заладени односи. Кризата може да потрае. Склони сте кон алергии.
ВАГА
Донесовте нова одлука поврзана со работата и нема да дозволите било кој да влијае врз промената на вашето мислење. Ви се допаѓа личност која сѐ уште не покажува дека има симпатии кон вас или емоции. Можни се болки во стомакот.
ШКОРПИЈА
Во наредниот период ќе започне важната фаза на разрешување на деловните одлуки и случувања. Ако сте во брак, имате одличен однос со саканата личност и чувствувате дека на некој начин сѐ е на свое место. Полни сте со енергија!
СТРЕЛЕЦ
Нови проблеми доаѓаат, а ни старите не сте ги решиле целосно. Можеби се чувствувате оптеретено на работно поле. Личноста која ви се допаѓа ќе го направи првиот чекор кон вас. Помали проблеми со срцето.
ЈАРЕЦ
Деловниот партнер може да ви направи некои проблеми со лоши намери или со неговите непромислени постапки. Интересен ден е пред вас. Некое ново познанство особено ќе ви го промени животот. Проблеми со кожата.
ВОДОЛИЈА
Доколку се занимавате со приватен бизнис ќе успеете да ги остварите плановите кои ги имате. Сакате да разговарате со саканата личност во кој правец оди вашиот однос. Помали проблеми со варењето и стомакот.
РИБИ
Среќата е на ваша страна и работата конечно се подобрува. Може да очекувате позитивни случувања на ова поле. Сакате односот со саканата личност да напредува. Предложете и брак. Немате проблем со здравјето.