Самиот изглед на лицето може да открие дали мажите и жените можат да бидат неверни на своите партнери, покажа најновото истражување
Мажите со „по мажествено“ лице можат да бидат многу по неверни од останатите, често и самите признаваат дека изневериле или дека „презеле“ девојка од друг маж, пишува Guardian.
Меѓутоа, истражувачите наведоа дека понекогаш изгледот на лицето може да лаже, па не треба секогаш да се потпирате исклучиво на првиот впечаток кој вели дека одреден маж може да биде неверен.
Тие истакнаа дека мажите со мажествени црти на лицето како што се силно изразена вилица и тенки усни, претставуваат еден вид еволуативна предност. Претходните истражувања покажаа дека жените можат да препознаат неверни мажи дури и на сликите, и оние со мажествено лице биле клучен фактор во проценката.
Интересно е дека обратното не важи, односно, мажите не биле во состојба да препознаат неверна жена.
Го наведуваат и тоа дека жените се помалку склони кон изневерување, односно помалку ги изневеруваат своите партнери, но причината за тоа што мажите не можат да ги препознаат е тоа што жените се шминкаат и на тој начин ја „маскираат својата повраност помеѓу цртите на лицето и однесувањето“, пишува во истражувањето.