Категории

Нешта кои мажите ги сакаат кај жените повеќе од физичкиот изглед

Поголемиот дел од мажите сакаат нешта кај жените кои немаат никаква врска со изгледот, големината на градникот, долгите нозе или некоја од другите стандардни нешта за кои се мисли дека мажите „паѓаат“..

Всушност, иако физичкиот изглед е првото нешто што го забележуваат (можеби не баш сите), кога треба да одберат партнерка со која ќе го поминат животот, тие нешта стануваат најмалку важни. Верувале или не, постојат најамлку 12 нешта кои се тотално „нефизички“, а кои мажите ги сакаат кај жените и се клучни во тоа дали тој ќе ја одбере за своја партнерка или не.
Еве кои се тие:

Добар слушател
Поголемиот дел од мажите ги ценат жените кои се во состојба да слушаат, без оние реченици како „Зарем не ти реков“.. Не сакаат предавања, совети и коментари за тоа што треба да направат ако биле на нивно место. Само присутвото, молчењето и случањето со што им покажуваат дека им е грижа, мажите го сметаат за исклучително важно и вредно. Тука е вклучено и трпението кога мажите сакаат да им се обратат на своите партнерки за некој свој проблем а тие се отворени и пристапни да ги сослушаат.

Спонтаност
Да се биде спонтана е особина која мажите ја обожаваат кај жените. Мажите сакаат кога жените прават нешта кои ги исполнуваат и се тотално природни и неиспланирани, пеење и танцување по дома, дури и нешта кои вклучуваат одредена доза на лудост.

Добар возач
Иако мажите често се жалаат на женските возачи, многу од нив би се согласиле дека модерната жена треба да биде и добар возач.

Остварена и исполнета
Жените кои уживаат во она што го работат се привлечни, тпа значи дека треба да престанете да сонувате за нештата кои ги немате и да почнете да уживате во нештата кои моментално ги правите. Не е поентата во тоа да се има добра работа, импресивна биографија или трофеи, се работи за тоа да се биде среќан со своите особини и карактер, позитивна и да знаеш дека си супер жена која е задоволна со себеси и секогаш инспирирана да се надоградува.

Вистинска
„Вештачките девојки“ со се лажно на себеси, на кои многу мажи ги вртат главите и веројатно добиваат многу бесплатни пијачки, голем дел од тие мажи би се сложиле дека таква девојка не би одбрале за нешто повеќе од само минлива авантура или „привремена врска“ (а знаеме што значи тоа). Мажите ги сакаат реалните девојки без напумпани усни, вештачки трепки, заби и што ли не друго.

Силна
Мажите сакаат жени кои под своето кревко женско тело кријат силна и храбра личност. Жена на која можат да се потпрат кога тоа им е потребно, која ќе им помогне кога ќе се најдат во неволја и ќе биде нивна мотивација и инспирација.

Забавна
Смислата за хумор е исто така едно од клучните нешта на кои мажите паѓаат. Жената која умее да пронајде ведрина во секоја ситуација, која знае да се шегува и е позитивна, секогаш успева да го освои машкото срце.

Прегледи:
542
Објавено на:
07.12.2019