Категории

Како се однесуваат жените кои се ПОИНАКВИ од останатите

„Тие не покажуваат среден прст, само намигнуваат, а пораката останува иста.“

„Тие не носат штикли, тие носат високи потпетици, не носат старки затоа што е модерно, туку затоа што тоа го правеле кога биле девојки.
Тие користат црвен кармин, во секоја прилика.
Тие не пишуваат кратки пораки и емаил-ови, тие и кога пишуваат, пишуваат писмо, учтиво, културно и без грешка.
Тие одбираат од маицата да им „ѕирка“ чипкана прерамк, а не „напумпани балони“, затоа што чипката е провокативна а не гумата.
Ако се тетовираат, го прават тоа затоа што е лично, а не само за да се покажат.
Ако заплачат, плачат само на црно-бел филм, а не на ријалити шоу.
Тие не го диктираат бројот на телефонот, го запишуваат, на дланка.
Кога ќе одлутаат, не грицкаат заноктици околу вештачките канџи, тие го грицкаат врвот на моливот, не се смеат наместено, се смеат гласно и природно.
Тие не покажуваат среден прст, само намигнуваат, а пораката останува иста.
Тие кога танцуваат не се прекршуваат, тие го прават тоа спонтано и елегантно. Ги соблекуваат чевлите и одат боси низ градот затоа што ги болат нозете од танцување, а не затоа што се пијани.
Кога одат на плажа, носат бикини, а не вештачки трепки, и повеќе сакаат кога ќе им изгори врвот на носот под шеширот, отколку задникот под вештачка ламба.
Наместо да пуштат клима во колата, попрво го отвараат прозорецот и му дозволуваат на ветрот да ја разбушави нивната коса.
Кога сакаат да бидат секси, наместо мини сукња, облекуваат бела машка кошула.
Тие слушаат џез, секогаш наоѓаат време за да посетат театар.
Тие сонуваат во боја, толку силно и реално.
Тие водат љубов со допирот.
Тие не фантазираат за чуда, тие ги претвораат чудата во реалност.

Тие се поинакви, затоа што секогаш останувале исти.

За сите оние кои во времето на изопачените вредности, останале исти и така станале поинакви“

Прегледи:
709
Објавено на:
28.12.2019