Категории

Денеска го славиме Св. Наум Чудотворец: Со својата моќ лекува и за време на животот и по него

На денешен ден се празнува споменот на Св. Наум Охридски. Св Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.

Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (или 23 декември според јулијанскиот календар), а другиот во летниот период на 3 јули (20 јуни). Тој лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

По повод празникот посветен на Свети Наум Охридски – Чудотворец во истоимениот манастир на брегот на Охридското Езеро, денеска, ќе се служи света архиерејска златоустова литургија. Верски свечености ќе има и во другите парохиски цркви.

Прегледи:
485
Објавено на:
05.01.2020