Категории

Денеска ја прославуваме Пречистата Божја Мајка, втор ден Божик: Изговорете ги овие зборови за здравје и спокој

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Обичаите велат дека денеска треба да се изговори следната молитва за во куќата да завладее спокој за целата година и за сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање Исусе, го осветлуваш целото човештво, бидејќи во таа светлина се оние кои им служат на ѕвездите. Да ти се поклонуваат Тебе, Сонцето на правдата и да те познаваат Тебе од висина на Исток, Господе, слава Ти!“

Прегледи:
521
Објавено на:
08.01.2020