Овие нешта секој треба да ги знае
Бракот на еден човек бил во криза и отишол кај Учителот по совет.
-Научи да ја слушаш својата жена – го посоветувал Учителот.
Човекот го прифатил неговиот совет.
Се вратил после месец дена за да каже дека научил да го слуша секој збор кој го изговарала неговата жена.
Учителот тогаш низ насмевка му рекол:
„Сега оди дома и слушај го секој збор кој твојата жена нема да го изговори.“