Категории

Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца, толку попаметни стануваат

Ако уживате да ги прегрнувате своите деца – продолжете да го правите тоа. Еден ден ќе ви бидат благодарни.

Според најновите истражувања, прегратката, тој прекрасен облик на физичка приврзаност, е многу важен за развојот на детето. Истражувањето спроведено во Националната детска болница во Охајо опфатило 125 деца, меѓу кои биле и оние предвремено родените.

Утврдено е дека прегрнувањето и нежноста кон децата предизвикуваат силна реакција на мозокот и му помагаат побргу да се развива.

Да го сакате своето дете и да бидете нежен кон него не е само убаво и хумано, туку и корисно.

Др Натали Метр, раководителка на истражувањето, објаснува дека овој едноставен чин има огромно влијание врз детскиот мозок.

Во текот на прегратката, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции се ослободува во големи количини и предизвикува да се зајакне врската помеѓу мајката и детето.

Недостатокот на прегратка може негативно да влијае врз детето, да ја намали неговата самодоверба и да ја отежне комуникацијата со другите луѓе.

Треба да знаете дека секогаш кога ќе прегрнете некого, вие не само што покажувате наклоност, туку го зголемувате и нивото на окситоцин и го подобрувате целосното психичко здравје.

Дали често ги прегрнувате своите деца?