Категории

Бидете во врска со некој кој е подеднакво чуден и неподнослив како и вас

Таквиот маж никогаш нема да ве осудува или да ви каже како треба да се однесувате. Никогаш нема да ви заповеда и да се обидува да ве вклопи во нешто кое општеството може да го прифати. Тој ќе ве сака, само ќе ве сака и тоа е се што ви треба.

Да се биде во врска со чудна личност не е лошо нешто. Всушност, тоа е доста добро. Затоа што, да бидеме искрени – и вие сте чудни.
Танцувате во долна облека, пеете држејќи ја четката за заби наместо микрофон. Сакате да разговарате со различни нагласувања секои две секунди. Зборувате гласно во рестораните точно кога ќе настапи длабока тишина. Носите различни чорапи. Сакате да правите гримаси. Се сопнувате и паѓате, често. Не сте баш некое совршенство.

Сакате да јадете крофна или Сникерс со нож и вилушка. И не ви е грижа што сеуште плачете кога гледате некој цртан кој ве потсетува на детството.
Сите ние сме чудни на различни начини. Сите правиме нешта кои се вон нормалата. И секогаш некому му е непријатно поради тоа. Значи, наместо да ги сокриваме нашите чудни навики и откачен карактер, време е да почнеме да се прифаќаме себеси.

Некои луѓе имаат тенденција да излегуваат со личности кои ги контролираат своите чудни навики. Тие се кул и владеат со себе. Велат „благодарам“ и „молам“ во секоја втора реченица.
Тие ставаат чај во шолјата со подигнат мал прст. Тие никогаш нема да кажат или направат нешто претерано. Тие презираат бучни, иритантни луѓе кои имаат свое мислење. Тие ја следат толпата.

А можеби вам ви одговара да бидете во врска со таква личност. Можеби и вие сте од друга планета. Но, ние – чудаците – не можеме да бидеме со некој кој не може да биде несериозен со себе. Не можеме да бидеме со некој кој се обидува да ги сокрие своите чудни навики, кој се обидува да се промени според стандардите кои ги наметнува општеството.

Тие луѓе би можеле да бидат совршено убави. А можеби и на некој начин ви се допаѓаат.
Но, тие се толку досадни.
Навистина, зарем стварно мислите дека ќе остварите долгорочен, квалитетен однос со некој кој е совршен во секој поглед? Мислите ли дека ќе се заљубите во некој кој не може да ја прифати нити вашата личност? Веројатно не…

Бидете во врска со некој кој е подеднакво чуден и неподнослив како и вие.
Бидете во врска со некој кој ќе се натпреварува со вас во правење на најгрдите гримаси. Бидете во врска со некој кој сака да вика со сета своја сила, од длабочината на својата плуќа само заради забава. Бидете во врска со некој кој има свој танц поради кој секој гледа во него зачудено.

Бидете во врска со некој кој го прифаќа својот карактер. И кој се смее на себе подеднакво како што и вие се смеете на себеси. Бидете во врска со некој пред кого нема да ви биде непријатно да направите нешто потполно лудо на забава.

Бидете во врска со некој кој ќе ви се придружи кога ќе почнете да танцувате на маса. Бидете во врска со некој кој нема да дозволи да се изгубите себеси. Бидете во врска со личност која ве сака поради она што сте.

Немојте за врска да бирате премногу драги мажи. Нити досадни. Нити оние кои се обидуваат да бидат љубезни и да им угодуваат на сите. Одберете личност која навистина живее. Која сака чудни луѓе. Одберете личност која ќе ги сака вашите чудни навики, и во добро и во зло.

Таквиот маж никогаш нема да ве осудува или да ви каже како треба да се однесувате. Никогаш нема да ви заповеда и да се обидува да ве вклопи во нешто кое општеството може да го прифати. Тој ќе ве сака, само ќе ве сака и тоа е се што ви треба.

Прегледи:
474
Објавено на:
02.03.2020