Категории

Најдобрите совети за убавина кои ги научивме од мама

Никој не знае подобро од неа 

Уште од мали нозе, првите сознанија за светот на негата и убавината сме ги добиле од нашата мајка, гледајќи ја како се подготвува пред огледалото додека ние сме се прашувале во што се крие тајната таа да изгледа толку убаво. И нити еден познат гуру, шминкер и козметичар не знае да ни даде подобар совет отколку нашата мајка. Во продолжение ви ги донесуваме најважните мудрости кои се пренесуваат од генерација на генерација, од мајка на ќерка, сигурно веќе сте слушнале за нив но добро е да ги повториме за никогаш да не бидат заборавени.

Помалку е повеќе
Тајната е во минимализмот и одбраните производи. Неколку квалитетни производи кои му одговараат на вашата кожа совршено, е се што ви треба. Не ви се потребни три различни видови на гелови за миење лице, и пет различни креми и тоници за да имате беспрекорна кожа, доволно е да пронајдете комбинација која ќе ви одговара и да останете верни цело време.

Отстранување на шминката пред спиење
Ако постои некој совет кој секоја мајка би сакала да и го порача на својата ќерка е – Никогаш да не заспива со шминка. И не прашувајте зошто, доволна е само помислата дека таа ги затвора пораите и нечистотијата насобрана во текот на целиот ден од воздухот и загадувањето останува заглавена во порите е доволно за тоа веднаш да го направите тоа кога ќе пристигнете дома.

Добрата крема е најважна
Одбирањето на соодветна крема за вашата кожа е првиот чекор до совршената нега. Било да користите едноставна хидратантна крема од дрогерија или некоја од популарните медицински бренодви или таква која е од органско потекло, важно е таа совршено да и одговара на вашата кожа и да и го пружи она што и е потребно а тоа е еластичност, свежина, и спречување на стареењето на кожата. Освен кремата за лице, мајките препорачуваат задолжнително користење и крема за регијата околу очите.

 

Прегледи:
406
Објавено на:
19.01.2020