Еве како можете да направите прекрасно венче за Денот на вљубените. За изработка на овој украс потребни ви се само филтер хартии за кафе
Материјал
-Големо парче картон
-Скалпер
-Молив
-Сад
-Штрафцигер
-Филтер хартии за кафе
-Црвена темперна или водена боја
-Четка за боење
-Коноп или лента за обесување
-Леплива лента
Како да го изработите:
Чекор 1
Во сад ставете вода со длабочина околу 2,5 цм. Макнете ја четката во боја и потоа измешајте ја со водата за да се обои.
Чекор 2
Филтер хартиите макнувјте ги во водата само на неколку секунди и веднаш извадете. На тој начин ќе добијат премин од темно кон посветло црвена боја. Повторете ја постапката со останатите хартии.
Чекор 3
Со помош на четката нежно преминете преку врвот на секоја хартија.
Чекор 4
Ставете ги хартиите на некоја стара крпа да се исушат преку ноќ
Чекор 5
На картон нацртајте облик на срце (височина 30цм, ширина 5-7цм) и исечете го со скалпер.
Чекор 6
Со помош на штравцигерот направете дупки на картонот (претходно можете да ги облежеите со молив). Дупките треба да бидат раздалечени 3-4цм една од друга.
Чекор 7
Раздвоете ги филтер хартиите и завиткајте ги краевите така што ќе направите цветови како на сликата.
Вовлечете го секој цвет во дупките на картонот. Повторете ја постапката се додека не ги пополните сите дупки и не добиете венец.
Венецот можете да го користите како украс или да му ставите коноп или лента и да го обесите на врата.