Категории

Не бираш во кого ќе се заљубиш, но бираш кого ќе го сакаш

Потруди се да го сакаш оној кој нема да си игра со тебе како со играчка и ќе те почитува како целосна личност, твоето тело и твојата душа.

Потруди се да сакаш некој кој нема еден ќе му бидеш постојано во мислите, а веќе другиот ден нема да се сеќава на тебе.
Потруди се да сакаш некој кој за тебе секогаш има убави и позитивни зборови и кој секогаш те опсипува со нив.
Не бираш во кого ќе се заљубиш, но бираш кого ќе го сакаш.

Избери некој кој ќе те прифати онаква ранлива и тогаш кога сите ќе ја свртат главата од тебе, некој кој ќе знае кои се вистинските зборови кои ќе ги залечат твоите рани.

Избери да сакаш некој со кого нема да мораш да бираш какви зборови ќе кажеш, туку во секој миг ќе бидеш опуштен и таков каков што си. Избери да сакаш некого кому не му е важно твоето минато туку иднината со тебе.

Не бираш во кого ќе се заљубиш, но го бираш оној кој ќе го сакаш.

Избери некој кој има слични цели како и ти, да не се разидувате целиот живот, избери некој кој ќе те смири кога си вознемирен така што ќе седне покрај тебе и ќе ти ја милува дланката.

Избери некој со кого нема многу да се расправаш за да се разбереш, доволен ќе биде само еден поглед и нештата ќе седнат на свое место.
Потруди се да го сакаш оној кој те прифаќа онаков каков што си не очекувајќи од тебе некакви чуда кои не можеш да му ги дадеш.

Потруди се да го сакаш оној кој нема да те расплаче, туку оној кој ќе ти ги брише солзите и ќе знае да измами насмевка на твоето лице.

Нека тоа биде личност која и тебе те сака и која ти се предава со сето свое срце. Се што не е тоа, остави го!