Категории

Зошто е важно да вежбате пилатес пред, за време и по бременоста?

Пилатесот е комбинација од истегнување и зголемување на силата и затоа се сврстува во една од најсигурните и многу ефикасни форми на вежбање. Еве што мора да знаете:

  • Најважно е да го правите секој чекор правилно.
  • Со истрегнување на едниот, а зајакнување на другиот мускул, си помагаме самите себеси, го намалуваме ризикот од повреди (не само додека вежбаме, туку и во секојдневниот живот)
  • Се подобрува држењето на телото.
  • Клучните елементи на пилатесот: дишење, концентрација, контрола, флуидност на движењата, релаксација и континуитет.
  • Слушајте го своето тело и ако почувствувате недобност и болка прекинете ја вежбата.

Со вежбањето пилатес се зајакнува долниот дел на грбот и стомакот, делот кој инаку најтешко се враќа во првобитната состојба по бременоста.

Она што е исто така важно да се напомене е фактот дека веќе во 12-тата недела од бременоста може да се вратите на вежбањето пилатес, секако со дозвола на вашиот докор кој ќе потврди дека имате нормална бременост. Професионалниот тим на инструктори во PowerHouse Pilates ќе ви овозможи да продолжите со своите тренинзи и во текот на бременоста, прилагодувајќи ги вежбите на вашата состојба, а придобивките ќе ги почувствувате на вашето тело за краток период и во текот на породувањето.

Кои се придобивките од вежбањето пилатес по бременоста?

Вежбајќи пилатес мајките ќе научат како да ја активираат стомачната мускулатура преку правилно дишење која во текот на бременоста потполно ослабела и е без тонус. Освен тоа, преку пилатес се активираат и мускулите на карличното дно, чие тонизирање и враќање во оптимална функција е од исклучително значење за здравјето на мајката.

Кегеловите вежби можат да бидат составен дел од пилатес програмата. Посебен проблем во постпородилниот период е и правилното држење на телото поради носењето на бебето во раце и болките во лумбалниот дел на грбот.

Бидејќи пилатесот почива на многу важни принципи како концентрација, визуализација, контрола, прецизнст и делување преку „Core“ или центарот на телото, флуидноста на движењата, интеграцијата на мускулното делување и постојаната врска меѓу умот и телото, се препорачува за секоја мајка.

Преку пилатес вежбите се ослободувате од напнатоста, ја враќате кондицијата и тонусот на мускулите, ја зголемувате амплитудата на своите движења преку вежбите на истегнување, еластичноста на својата кожа и најважно, да го негувате својот дух изобилувајќи со позитивна енергија и позитивен став, што е особено важно по порагајот бидејќи многу често жените се склони кон постпородилна депресија.

Има ли подобар рецепт за здрав однос преполн со љубов помеѓу мајката и нејзиното дете? Закажете го вашиот термин кај најдобрите на полето на пилатесот – PowerHouse Pilates и имајте лесна бременост исполнета со активности, како и постпородилен период исполнет со среќни моменти!