Категории

Луѓето кои сакаат да бидат САМИ имаат посебни карактерни особини

Постојат луѓе на овој свет кои сакаат да го поминуваат времето во самотија, далеку од гужвата и вревата. Други би можеле да помислат дека се такви затоа што се срамежливи и немаат самодоверба да се среќаваат со толпата, но тоа не е воопшто така.

Тие се силни, сигурни поединци кои точно знаат што сакаат од животот и со тоа другите им пречат. Социјалниот психолог Бела ДеПуло вели дека тие луѓе немаат ништо против тоа да бидат сами и им е доста пријатно да поминуваат време во самотија.

Ова се нивните единствени карактерни особини.

-Неверојатна емоциолнална сила
Бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваат со сопствените мисли, тие луѓе се во допир со своите чувства и подобро се разбираат себеси.

-Природно се емпатични
Тие ги посматраат другите луѓе и се полни со емпатија, можат да ги разберат и да го чувствуваат она низ кое другите поминуваат и поради тоа се наоѓаат во подобра положба да им пружат поддршка.

-Силен морален компас
Тие луѓе имаат јасна смисла за правда и неправда затоа што размислуваат за нештата кога се сами.

-Отворен ум
Луѓето кои сакат да бидат сами, сакаат нови искуства и нови перспективи. Тоа го прават на сопствен начин и многу често поради тоа изгледаат рамнодушни.

-Не им е грижа дали ќе бидат прифатени
Тие луѓе не чувствуваат потреба да се вклопат и не се грижат за популарноста затоа што се задоволни со себеси.

-Ја признаваат својата несовршеност
Свесни се за фактот дека не се совршени и не се обидуваат да се преправаат.

-Го сакаат друштвото на другите интелектуалци
Мразат бесмислени разговори и сакаат да бидат со оние кои делат исти интереси и интелектуален дух.

-Тие го ценат своето време
Тие го ценат своето време како и туѓото, затоа што знаат колку е важно.

-Независни се
Тие не зависат од никого и се самоуверени.

-Тие се силни и имаат јасно мислење за светот
Бидејќи го поминуваат времето во самотија, тие имаат време за посматрање и имаат доста цврсти и јасни мислења за нештата, кои не секогаш ги споделуваат со другите.

-Тие се зрели
Тие се доста рационални, смирени и перцептивни. Секогаш имаат најдобро решение во време на криза.

-Љубезни се и чувствителни
Тие се промислени и грижливи, шират љубов спрема сите кои се наоѓаат околу нив.

Прегледи:
773
Објавено на:
20.02.2020