Овој модел ќе го гледаме често следната сезона
Според зборовите на дизајнерите, ова парче облека мора да се најде во гардероберот на секоја жена. Без дилема ќе ги освои срцата на сите дами и ќе можеме да го гледаме многу често низ улиците.
Жолтата боја е дефинитивно една од оние што ќе доминираат во следната сезона, а капутот во оваа боја е вистински моден хит.
Дефиницијата за добар стил следната сезона ќе вклучува и потенок капут или мантил во оваа живописна боја. Во тренд ќе бидат подолги и пократки, но и предимензионални модели. Во зависност од вкусот, изберете еден, но мора да биде жолт. Ова е единственото правило што не смеете да го прекршите.
Експертите велат дека бојата на облеката во голема мерка влијае на расположението, затоа со нетрпение го очекуваме претстојниот тренд на оваа впечатлива и весела боја.
Најчесто, жените играат на сигурна карта и избираат црни или сиви капути за да можат да ги комбинираат со се. Сепак, оваа сезона е идеална да излезете од вашата зона на удобност и да изберете еден жолт капут и да го однесете вашиот стил на следното ниво.
Еве неколку предлози за тоа како можете да го вклопите во интересна модна целина:
Одличен стајлинг во стилот на 90-тите изгледа вака: