Никогаш не е лоша идеја да се опуштите, да излезете надвор од удобната зона и да видите што би се случило! Овде ви нудиме 30 едноставни начини како можете да ги промените работите за само 30 дена. Можеби нема да го најдете „вистинскиот“, но ви гарантираме дека после ова ќе научите нешто ново и дека ќе се чувствувате горди како сингл девојка.
Можеби ви треба и потсетување на фактот дека момчињата дефинитивно не се сè во вашиот живот! Па… што чекате? Почнувајте!
Ден 1: Заследете го на Инстаграм прекрасниот пријател на вашиот пријател.
Ден 2: Запишете кои карактеристики би сакале да ги има вашиот иден партнер.
Ден 3: Запишете ги карактеристиките коишто не сакате да ги има вашиот иден партнер.
Ден 4: Дотерајте се и направете прекрасна селфи фотографија.
Ден 5: Излезете на пијалак на места каде што никогаш претходно не сте биле и не пропуштајте да запознаете потенцијален партнер.
Ден 6: Контактирајте со очи со некој (или секој) што го сметате за привлечен.
Ден 7: Симнете нова апликација за онлајн љубовни состаноци.
Ден 8: Дозволете ѝ на вашата пријателка да ви закаже состанок на слепо.
Ден 9: Дајте му го вашиот број на некој со кого само што сте се запознале.
Ден 10: Поминете откачена ноќ со друга ваша сингл пријателка.
Ден 11: Испланирајте вечерно излегување, а притоа охрабрете ги вашите пријателки да поканат луѓе коишто вие не ги познавате.
Ден 12: Посегнете по некој од минатото со којшто сте се сретнале во погрешно време.
Ден 13: Поканете на состанок некој којшто го знаете само преку социјалните мрежи.
Ден 14: Конечно блокирајте го или избришете го од пријатели бившиот со којшто не сте во добри односи.
Ден 15: Започнете разговор со некој непознат.
Ден 16: Излезете со пријателките во ноќен караоке бар и испејте моќна песна наменета за девојките.
Ден 17: Поминете цел ден без да ги користите социјалните мрежи.
Ден 18: Поминете колку што можете повеќе време без да му испратите порака на вашиот пријател со придобивки.
Ден 19: Исфрлете ги старите спомени од претходните љубовни врски.
Ден 20: Направете нешто смело во врска со денешниот изглед, па поминете го цел ден размислувајќи позитивно за себе.
Ден 21: Поминете ја вечерта сами со себе, вечерајќи и гледајќи го вашиот омилен филм.
Ден 22: Придружете се или започнете нов вид дружење, било тоа да е во клуб на читатели или пак, во некој спортски тим.
Ден 23: Купете си нова облека и зачувајте ја за состанокот околу кој ќе бидете навистина возбудени.
Ден 24: Одете на ручек со вашата пријателка и притоа обидете се да не зборувате за вашиот љубовен живот.
Ден 25: Направете нешто за себе, како на пример излезете со вашето куче или пак, читајте книга во парк.
Ден 26: Оставете додворувачки коментар на објавата на социјалните мрежи од вашата симпатија.
Ден 27: Создадете нови спомени на местото каде што имате носталгична поврзаност со вашето претходно момче.
Ден 28: Запалете свеќи, пуштете си релаксирачка музика и посегнете кон вашата бања.
Ден 29: Прашајте ги родителите или некој од вашите најблиски за љубовен совет.
Ден 30: Денес трудете се да се забавувате колку што можете повеќе и не грижете се за вашиот љубовен статус!