Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. МАРТ 2020 ГОДИНА

На Бикот му се случуваат значајни работи на деловно поле, Ракот е незаинтересиран за некои посериозни љубовни потфати, Јарецот го очекуваат убави денови кога станува збор за љубовта.

Овен

Како што ќе одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите новонастанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

Бик

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа  е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

Близнаци

Пред вас се денови за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.

Рак

Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат.  На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.

Лав

Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика. Посветете малку време и на семејството.

Девица

Не дозволувајте некој неправедно да ве критикува или да ги забавува вашите работни резултати потрудете се да ја контролирате вашата суета. Наместо да се натпреварувате и да ги надмудрувате односите со соработниците, применете го својот стил на однесување. Нема потреба по нечие наговорување да навлезете во финансиски или имотен ризик.

Вага

Оваа недела, многумина од вас ќе решат многу важни животни прашања, а тука дефинитивно спаѓа работата, сигурноста и сопствените пари. Без разлика што понекогаш вашето љубовно расположение ќе спласне, во срцето и понатаму ќе бидете задоволни. Можеби нема да има толку атрактивни љубовни прилики, но она што до сега сте го изградиле е гаранција овие денови да ги поминете мирно.

Шкорпија

Ќе ги решавате проблемите без поголеми тешкотии, користејќи го својот талент. На тој начин ќе ги импресионирате и луѓето околу вас. Својата силна енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста која ја сакате. Ќе вложите многу труд со подеднакво важни резултати. Ќе се послужите со оригинални идеи кои можат да ја изненадат другата страна. Но, не се плашете. Сепак, ќе бидете прифатени.

Стрелец

На луѓето од вашата околина ќе им изгледате повеќе сочувствително и ќе чувствувате поголема емпатија кон оние што се во страдање. Можеби ќе бидете збунети од од она што се случува со вас, па тоа ќе биде причина да барате длабоки одговори на некои прашања. Оние кои се во долга врска ќе добијат силна потреба за интимност, што ќе им донесе многу убави моменти. Оние кои се во потрага по својата сродна душа, би можеле лесно да западнат во искушение на тајна љубовна врска.

Јарец

Резултатите од вашиот напор полека ќе излезат на виделина, но  треба уште многу да се направи. Сепак, ќе постои задоволство и напредок во вашиот професионален живот. Оние чија работа е поврзана со менаџмент  и водење на вработените, ќе бидат пофалени. Започнуваат квалитетни љубовни денови. Доколку постојат мали проблеми меѓу вас и партнерот, преку разговор ќе успеете да ги решите.

Водолија

Финансиската ситуација се поправа. Очекувајте прилив на пари поради кои ќе сјаете, комуницирате, но и непланирано и прекумерно ќе ги трошите. Бидејќи е познато дека лесно приоѓате кон пороци, умереноста ќе биде најдоброто решение. Со партнерот се можни брзи страсни мигови. Кој можеше да помисли дека сте толку разгорени?

Риби

Многу припадници на овој знак започнуваат нов животен циклус и пополека се приспособуваат кон него. Можно е бизнис-патување и финансиска добивка. Се работи за нешта што успешно ги завршувате, но не планирајте ново работно место. Одлично се согласувате со некоја Водолија, иако на прв поглед не изгледа така.

Прегледи:
778
Објавено на:
02.03.2020