Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4. МАРТ 2020 ГОДИНА

Лавот е среќен, Девицата е задоволна со околностите, Рибите се успешни, Водолијата конечно го најде својот мир.

ОВЕН

Ве очекуваат некои нови компликации на работа. Имате многу стрес и тешко ви е да излезете на крај со сите проблеми. На прво место ви е искреноста помеѓу вас и саканата личност. Можен е низок притисок.

БИК

Водете сметка за обврските кои во минатото не сте ги довршиле, бидејќи сега може да се искомплицираат. Сѐ уште не сте сигурни дали сакате сериозна врска. Имате многу енергија.

БЛИЗНАЦИ

Потрудете се да ги одложите важните одлуки бидејќи денешниот ден за вас не е нималку поволен за работа. Личноста која ви се допаѓа не покажува доволно интерес кон вам и затоа сте незадоволни. Чувствителни коски и кичма.

РАК

Можеби не сте сѐ уште подготвени за конечни одлуки и некои деловни промени. Пред вас е можност да го поправите односот со личноста која ви се допаѓа. Ќе најдете компромис и ќе ги решите проблемите. Пијте повеќе вода.

ЛАВ

Неповолен ден е пред вас па затоа чувајте се од помали штети кога станува збор за работата. Доколку веќе имате партнер во наредниот период ќе успеете да дојдете до важни одлуки за заедничката иднина. Проблеми со холестеролот.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни со околностите кои ги имате на работа денес. Подготвени сте да се посветите на остварувањето на сериозни промени. Не сакате да го изгубите партнерот и се трудите околу вашата врска. Проверувајте го крвниот притисок редовно.

ВАГА

Се наоѓате под голем притисок и работата ви внесува сѐ поголем стрес во секојдневниот живот. Покажете и на својата сакана личност подготвеност за компромиси. Ве очекува можност за подобрување на односот. Можна е главоболка.

ШКОРПИЈА

Пред вас е можност да го остварите напредувањето за кое сте се надевале на деловно поле. Може да очекувате поволен период. Не очекувајте сериозна врска. Наредниот период е прилично неповолен за љубовно поле. Посетете доктор.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете задоволни со деловната ситуација и околностите во кои се наоѓате. Успеавте да стигнете далеку. Можеби немате доверба во партнерот кој ви покажува некои чудни сигнали. Вежбајте.

ЈАРЕЦ

Ќе ги надминете проблемите од минатото. Успешни сте во својата работа и многу сте задоволни со неа. Имате стабилен однос со саканата личност. Може да очекувате дека ќе бидете среќни во вашата врска. Водете сметка за желудникот.

ВОДОЛИЈА

Наскоро ќе ви се укаже прилика за напредок на деловно поле. Стекнавте доверба кај деловното опкружување. Потребно е повеќе да му се посветите на партнерот. Поради работата почнавте да го занемарувате. Болки во пределот на вратот.

РИБИ

Многу сте снаодливи и подготвени сте да пронајдете нови идеи за да ги остварите целите на работното место. Можеби ќе имате можност да запознаете личност која кај вас ќе разбуди силни емоции. Потребен ви е одмор.

Прегледи:
1019
Објавено на:
03.03.2020