Овенот го очекуваат промени на работното место, Лавовите мора да гледаат реално на својата ситуација, Водолиите ги очекува успешен и спокоен понеделник.
Овен
Очекувајте промени на работното место. Не е исклучена можност да ве повикаат на итна средба или да ве поканат на некој важен настан за да го слушнат вашето мислење. Како резултат на тоа, ќе ги подобрите работните односи со колегите.
Бик
Денес најверојатно се непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Понеделник е денот кога ќе претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.
Близнаци
Ќе имате многу работа затоа создадете си рамноправен ритам со цел енергијата да ви трае што подолго. Не обраќајте преголемо внимание на малиот неред, кој лесно ќе го решите. На крајот на денот резултатите ќе ве израдуваат.
Рак
Преголемата зафатеност влијае негативно на вашето чувство за хумор. Одговорни сте кон работата, но премногу сериозни. Ќе се случи некаква промена која вие ја очекувате благодарение на вмешаност на личност поврзана со странство.
Лав
Не се занимавајте денес со решавање на финансиски прашања и не потпишувајте никакви документи. Обидете се да ја процените реалната објективност, не идеализирајте и не се потпирајте на вашите илузии, кои и те како можат да ве наведат на погрешен пат.
Девица
Бидете подготвени да примите лоши вести или лоши непланирани настани. Овој ппонеделник расположението ќе ви биде романтично, и затоа потешко ќе си ги завршите дневните обврски. Направете листа на вашите обврски пред да почнете да ги извршувате.
Вага
Можно е да направите нешто нелогично и пребрзо, за кое подоцна ќе жалите. Воздржете се од коментари и критики кон најблиските, бидејки нема да ви ги простат. Не е пожелно да преземате кардинални промени поврзани со вашата работа.
Шкорпија
Бидете претпазливи за се – информациите кои ги поседувате, луѓето со кои комуницирате, дури и роднините, бидејки некој од нив ќе направи некоја грешка а вие ќе бидете одговорни. Повеќе набљудувајте, а помалку вклучувајте се во интеракција.
Стрелец
Најверојатно денес ќе ви дадат добра понуда, но не ја прифаќајте се додека не соберете доволно информации и не ги израмните позициите. Не брзајте да се согласите со било каква одлука и воздржете се од било какви ветувања. Во спротивно, ќе се вовлечете во сериозна грешка или ќе си создадете непријатности.
Јарец
Денес не се исклучува можноста да патувате на далеку, да се видите со некој или да се разделите. Можно е денес да почувствувате дополнителна негативна енергија или пак да имате караница со некој близок. На работно место е пожелно да бидете повеќе иницијативни.
Водолија
Двонасочни ќе ви бидат денешните случувања. Од една страна, ќе обновите старо пријателство кое пред долго време било прекинато. Од друга страна, поради преголемиот ентузијазам можете некого да засегнете со несоодветен став. Овој понеделник како целост ќе биде успешен или барем спокоен, затоа немојте да ги иритирате луѓето околу вас со вашите критики.
Риби
Веќе договорените средби за денес ќе дадат добар резултат. Ви препорачуваме да ги обновите проектите со старите партнери, новите најверојатно ќе се обидат да ве изиграат. Одделете време за спортска активност и посветете му се на здравјето.