Категории

Грешки при негата на косата кои прават таа да изгледа безживотно

Доколку секој ден ви се чини како ‘bad hair day’, дури и кога само сте ја испериле косата, тогаш сигурно ги правите некои од овие грешки

Дали понекогаш помислувате дека и покрај целиот труд кој го вложувате во вашата коса, таа едноставно не изгледа убаво? Она што често го занемаруваме е тоа што понекогаш премногу нега и користење на повеќе препарати за стилизирање, можат да влијаат негативно а не позитивно врз изгледот на косата.

Ова се клучнит егрешки за кои сме сигурни дека голем дел од дамите кои го имаат овој проблем ги прават без да се свесни за тоа.

-Премногу шампон
Една од основните грешки за која многумина од нас не се свесни е нанесувањето на премногу шампон и регенератор. Се водиме според мислата „што повеќе шампон – тоа подобро“ но всушност е обратно, затоа што шампонот содржи многу хемикалии дури и оној кој е на растителна база. Доколку нанесувате баш доста шампон, косата добива масен изглед. Затоа држете се до минималната количина на наесување и третирање на коренот, а рефенераторот нанесувајте го само на краевите. Покрај тоа, големата количина на шампон предизвикува сувост и брзо пукање на врвовите.

-Преса и фигаро на влажна коса
Оваа грешка е доста вообичаена но и една од најлошите грешки кога е во прашање косата. Овие уреди трајно ја оштетуваат косата а кога се користат на влажна коса, тоа може да предизвика сериозно оштетување, пукање и кршење на косата. Внимавајте секогаш добро да ја исушите косата пред да користите фигаро или преса и задолжително користете спреј за заштита од топлина.

-Постојано врзана коса
Ако доста често ја носите косата заврзана во коњско опавче или пунџа таа ќе изгледа лошо и исцрпено. Таа губи на волумен и прави да изгледа рамно и безживотно. Иако е доста практична, оваа фризура треба да ја носите максимум два пати неделно. Исто така внимавајте да не ја врзувате косата додека е сеуште влажна, тоа е голема грешка која доведува до кршење и пукање на влакното и го спречува нејзиното растење.

Прегледи:
514
Објавено на:
10.03.2020