Нити Џенифер Лопез и Алекс Родригез не можеа да му одолеат на овој урнебесен предизвик
Песната на популарниот рапер Drake беше главната инспирација за овој предизвик кој го освои целиот свет.
Flip The Switch е предизвик кој можете да го пронајдете под истоимениот хаштаг а започна на платформата TikTok и полека ги освои сите социјални мрежи. Меѓу првите кои го испробаа беа моделот Емили Ратајковски, а после неа и Џенифер Лопез со својот вереник Алекс Родригез.
Во него учествуваше дури и американската сенаторка Елизабет Ворен.
Поентата на овој предизвик е замена на улогите. Во првата сцена, едната личност снима на огледало додека другата танцува, а откако ќе се изгасне светлото, се заменуваат позициите, дури и облеката. Како точно изгледа проследете во продолжение.
https://www.instagram.com/p/B9i96Bopu0X/?utm_source=ig_embed