Лекувањето е возможно доколку ги почитувате советите на лекарите. Нејзиното име е Ана, таа има 42 години а ова е нејзината приказна.
Ана ни ја раскажа својата приказна и како успеа да го победи овој застрашувачки вирус.
Седев во својата дневна соба кога телефонот заѕвони и слушнав порака која гласеше: „Јавете ни се што побрзо“. Пораката дојде од болницата во која се тестирав за корона вирус. Во тој миг знаев дека резултатите се позитивни.
Денес сум добро, иако сеуште повремено кашлам, но оваа турбулентна фаза во мојот живот завршува. Сакам да ја споделам својата приказна со сите за да нема многу заразени луѓе. Ги следев сите упатства од лекарот и благодарение на нив денес се чувствувам подобро.
Кон крајот на февруари бев во еден ресторан на ручек каде што мислам дека го закачив овој вирус. Се откри дека двајца луѓе кои исто така присуствуваа на ручекот беа позитивни на овој вирус. Нивните симптоми беа благи но во мојот случај ситуацијата беше малку полоша.
После два дена од тој ручек се разбудив со болка во главата и грлото, не можев да одам нити на работа. Неколку часа подоцна добив и блага температура. Првата помисла ми беше дека имам грип па затоа се напив лек за симнување на температурата, но не ми беше нити малце подобро.
Дури наредниот ден се посомневав на корона вирус и заминав во амбуланта да направам тест. Мислам дека дефинитивно требаше да го направам тоа истиот ден кога ги почувствував симптомите и ги советувам сите да го направат тоа веднаш штом ќе почувствуваат и најмал симптом.
Откако тестот се покажа позитивен, заминав во карантин на 14 дена.
Имам маж и две деца кои исто така веднаш отидоа на тестирање но за цела среќа не беа заразени.
Потполно се изолирав од нив додека лекарите не ми дозволија повторно да бидеме во иста просторија.
Морам да нагласам дека сум генерално здрава особа, и моето тело успеа да се одбрани само со појачаното внесување на витамини. Советувам сите да се заштитат навреме, а особено старите луѓе.
Признавам дека периодот на изолација беше тежок, но со поддршката од драгите луѓе успеав да го надминам и ова. Со сопругот се слушавме на телефон со часови за времето да ни помине побрзо. Ова го сфаќам како една голема животна лекција, здравјето мора да ни биде на прво место секогаш!