Категории

Направете сами: 2 природни средства за дезинфекција на воздухот во домот

Вирусот корона опстанува во воздухот дури до 3 часа, покажуваат најновите истражувања. Еве како сами да направите спреј за дезинфекција на воздухот во домот.

Во текот на пандемијата на вирусот, важно е да ги дезинфицирате површините во домот, но можете да направите и дезинфекција на воздухот по природен пат.
За да ја одржите оптималната влажност во воздухот во домот и да го спречите размножувањето на микробите, искористете го лековитото својство на есенцијалните масла.
За подобрување и дезинфекција на воздухот во затворени простории одлично делуваат есенцијалните масла кои истовремено го прочистуваат воздухот и го зајакнуваат имуниот систем.

Како да направите антисептички и антивирусен спреј за дезинфекција
-5 капки чајно дрво (Melaleuca alternifolia)
-3 капки еукалиптус (Eucalyptus radiata)
-3 капки равенсара (Cinnamomum camphora ct. 1,8 cineol)
-2 капки темјан (Thymus vulgaris ct. timol)

Антисептички и антивирусен спреј за воздух
Во 50мл ставете 70% алкохол и додадете
-10 капки масло од чајно дрво (Melaleuca alternifolia)
-10 капки еукалиптус (Eucalyptus globulus)
-10 капки каранфилче (Eugenia caryophyllata)
-10 капки бергамот (Citrus bergamia)
-10 капки рузмарин (Rosmarinus officinalis st. 1,8 cineole)

Прегледи:
1109
Објавено на:
23.03.2020