Ова е најубавата фотографија која ќе ја видите денес. Оваа Италијанка стана мајка на здрави близначиња откако се породи во тешки услови поради пандемијата предизвикана од коронавирусот која особено ја погоди Италија. За среќа, сѐ е во ред и со мајката и со бебињата, а воедно оваа фотографија симболизира надеж за подобри денови кои доаѓаат во иднина.