Категории

Советувајте ги децата како правилно да ја одржуваат личната хигиена

Децата не ја сфаќаат одговорноста за чистотата на телото а тоа е задача на родителите да ги научат како правилно да ја одржуваат личната хигиена

Децата не ја сфаќаат сериозноста на инфекциите и вирусите кои можат да се добијат преку допирање на се и сешто. Упатете ги како правилно да ја одржуваат својата лична хигиена и како да знаат да го сочуваат своето здравје.

Што е значајно за нив и мораат да го знаат:

Мораат често да ги мијат рацете
Природное најмалите да не размислуваат за тоа, но треба да им се каже дека пред и после јадењето мораат задолжително да ги измијат рацете. И не само тоа, значително важно е да ги измијат рацете откако ќе се вратат дома после играњето надвор, со топла вода и сапун и да тријат најмалце 20 секунди и потоа да ги избришат рацете со пешкир или марамче.
Родителите мораат да им објаснат дека така спречуваат да ги нападнат разни „штетници“. Во време на вирусот особено е пожелно да имаат кај себе и сретство за суво миење на дланките.

Носот да го бришат со марамче
Најмалите често знаат носот да го избришат од својата облека. Киваат и кашлаат а не ги ставаат рацете на носот и устата. Така го загрозуваат своето а и туѓото здравје. Затоа мора да им се посочи дека со себе секогаш мораат да носат марамчиња. За побрзо да се навикнат, купете им детски миризливи марамчиња. И нека знаат дека после употреба мораат секогаш да ги фрлат во ѓубре.

Редовно да се капат
Објаснете им дека секоја вечер после доаѓањето дома мораат да се искапат за да ја отстранат сета нечистотија од изминатиот ден. Потрудете се да го усвојат тоа правило без отпор, приуштете им уживање во текот на купката со некој убав шампон и омилената гумена играчка.

Забите да ги мијат наутро и навечер
Тоа што се мали не значи дека не треба да одржуваат хигиена на забите и усната шуплина а тоа се постигнува доколку се „дружат“ со четкичката и пастата за заби. Така уште од раните денови ќе усвојат навика да ја чувааат белата насмевката и здравите заби.

Секој ден да ја менуваат облеката
Ако уште од мали ја усвојат навиката на одржување на хигиената и во кревет да одат со чиста облека, тоа ќе им стане природна навика. Објаснете им дека е поубаво кога мирисаат чисто и тоа ќе го сфатат како нешто кое се подразбира, а не како терет.

Прегледи:
1231
Објавено на:
25.03.2020