Категории

Редовно дезинфицирајте ги овие предмети – Тие се дувло на бактерии

Рачките на вратите во домот, далечинскиот управувач, мобилниот телефон, клучевите, тастатурата на компјутерот.. Редовно пребришувајте ги со сретство за дезинфекција.

Поради пандемијата би требало многу почесто да ги дезинфицирате одредени предмети и површини во домот со кои најчесто доаѓате во контакт. Еве на што треба да обрнете особено внимание.

Со сретство за дезинфекција редовно пребришувајте ги кваките на вратите, прекинувачите за светло, мобилниот телефон, далечинскиот управувач, клучевите, тастатурата на телефонот, работната маса..
Особено е важна и зголемената хигиена во тоалетот. За чистење обавезно користете гумени ракавици за еднократна употреба и сретство наменето за чистење и дезинфекција на тоалетот, лавабото, кадата или туш кабината.

Крпите менувајте ги почесто и нив како и облеката перете ги на висока температура, се препорачува на 90 степени.

Прегледи:
508
Објавено на:
25.03.2020