Категории

Крема за околу очи – Зошто никако не смеете да ја прескокнувате

Овој дел од лицето никако немојте да го негувате со обична крема за лице, еве и зошто.

Толку beauty производи на пазарот и секоја има своја намена. Дури и за подрачјето околу очите ви е потребен посебен козметички производ. Дерматолозите велат дека обичната крема за лице не е погодна за ова чувствително подрачје.

Зошто ви е потребна специјална крема наменета за подрачјето околу очите?

Кожата околу очите се разликува од кожата на останатиот дел од лицето. Прво, потенка е и како второ, крвните и лимфни садови се наоѓаат во овој предел па е потребна особена нега и внимание.
Покрај тоа, отсуството на лојни жлезди и малата количина на колаген и еластин ја прави кожата раздразлива поради промената која доаѓа со годините. Со самото тоа, прво се појавуваат брчки околу очите. Стручњаците не препорачуваат користење на обична крема за лице на ова подрачје поради тоа што може да предизвика иритации.

Како правилно да нанесувате крема на подрачјето околу очите?
За секоја употреба ќе ви е потребно многу малку производ. Со прстот распоредете ја еднакво на кожата околу очите оставјаќи мали точки. Никако немојте да ја развлекувате кремата по кожата, вмасирајте ја во кожата со лесни движења со тапкање со врвовите на прстите.

Прегледи:
612
Објавено на:
27.03.2020