Дури и ако сте во изолација, лесно можете да добиете коронавирус. Обрнете внимание на овие извори на зараза
Светските експерти наведуваат дека спрема досегашните анализи на инфицираните случаи со COVID-19, во 80% од случаите предизвикува благи симптоми (благо воспаление на плуќата, со или без пневмонија) и поголемиот дел од случаите се опоравуваат, додека само 14% имаат тешки симптоми, а 6% имаат тежок облик на болеста, додека смртта најчесто се случува помеѓу старите лица и оние со други хронични заболувања.
Здравствените стручњаци советуваат особено внимание и во текот на карантинот, особено бидете претпазливи на овие нешта.
Не одете премногу често во продавница
Коронавирусот живее долго на разни површини, особено на пластиката опстојува дури и до два дена. Значи, ако некој кашла во раката и допре шише млеко, јогурт, пакет тоалетна хартија и сл. а вие налетате на тоа пакување дури и по два дена, можете да го донесете вирусот во домот.
Веднаш откако ќе излезете од продавница направете дезинфекција на рацете како и на амбалажите на продуктите.
Избегнувајте близок контакт
Одржувајте оддалеченост од најмалку еден метар а по можност и два метри со сите личности, особено со оние кои имаат симптоми на инфекција на дишните патишта, зголемена телесна температура, кашлање, главоболка и отежнато дишење.
Избегнувајте јавен и такси превоз
Избегнувајте да се возите во јавен превоз, а доколку морате обавезно носете заштитна маска и ракавици. Откако ќе излезете, веднаш заменете ги со нови и фрлете ги во канта. Секогаш со себе носете сретство за дезинфекција на база на алкохол и дезинфицирајте ги рацете што е можно почесто.