Категории

Домашна крема за раце против старачки флеки и збрчкана кожа

Рацете се лична карта за една жена. Колку пати сте ја чуле оваа изрека? Но всушност тоа е вистина. Женските раце знаат да „патат“ многу повеќе од машките. Изложени се на вода, детергенти за перење и други хемикалии, поради што кожата многу почесто се суши и е склона кон пукање и создавање флеки.

Еве како да подготвите домашна крема за раце која успешно помага да го спречите создавањето на старечки флеки и збрчкана кожа.

Направете маска за раце од 1 жолчка, 1 лажица мед, 1 лажица растително масло (маслиново,кокосово,сончогледово)

Растопете 2 лажици сол во 1л топла вода.
Држете ги дланките во овој раствор околу 10 минути.

Откако ќе ги извадете рацете, исушете ги добро и премачкајте ги со претходно подготвената маска.

После 20 минути измијте ги рацете со млака вода.

Оваа маска за раце можете да ја повторите после 3-4 дена.

Прегледи:
1189
Објавено на:
13.04.2020