Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2. АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Биковите ги очекува интересен ден, Лавот нема доволно трпение, Јарецот има недоразбирања со соработниците.

ОВЕН

Можни се успеси на деловно поле, особено ако планирате некој нов проект. Наскоро ќе повлечете важен потег и ќе разговарате со саканата личност за заедничката иднина. Склони сте кон стрес.

БИК

Ве очекува интересен ден во кој на деловно поле ќе имате можност да научите нешто сосема ново. Може да сметате на подобрување на комуникацијата помеѓу вас и саканата личност. Склони сте кон алергии.

БЛИЗНАЦИ
Најдобро би било да дозволите некои луѓе од вашето работно опкружување да си го покажат своето право лице. Ви се повторуваат некои ситуации со партнерот и не можете веќе да ги толерирате старите грешки од почеток. Чувствувате вкочанетост во телото.

РАК

Може да очекувате успех кога станува збор за работата. Пред вас е добар период во кој ќе успеете да се докажете. Потребно ви е да направите компромис во односот со партнерот ако сакате да бидете среќни. Можен е пад на енеријата.

ЛАВ

Немате доволно трпение и тоа може да ви ги поремети плановите и концептот на деловно поле. Обидете се да разговарате со саканата личност во врска со вашите потреби за да ве разбере подобро. Чувствителен уринарен тракт.

ДЕВИЦА

Може да очекувате дека ќе добиете добри вести и ќе бидете задоволни од резултатите на работното место. Уживате во романтичната атмосфера со личноста која ја сакате. Може да очекувате интересни моменти. Хормонален дисбаланс.

ВАГА

Доаѓате до можност да ги покажете своите умешности и талент. Може да очекувате поволен период за работа. Со саканата личност убаво се сложувате и задоволни сте со тоа како тече вашиот однос. Потребна ви е физичка активност.

ШКОРПИЈА

Можни се неочекувани трошоци и некои помали проблеми на полето на финансиите. Не сте сосема задоволни од односот кој постои помеѓу вас и саканата личност и размислувате за сериозни промени. Проблеми со урогениталниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате позитивен ден за решавање на деловните проблеми од минатото. Решивте да влезете во сериозна врска и да и дадете можност на нова личност во вашиот живот. Подготвени сте за уште еден ризик во љубовта. Проблеми поради нервоза.

ЈАРЕЦ

Не успеавте да ги исполните своите ветувања и не ви е лесно да ги решите несогласувањата кои ги имате со соработниците. Понекогаш имате впечаток дека работите се одвиваат премногу споро за ваш вкус. Поведете сметка за холестеролот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува прилично добар ден во кој може да очекувате мирна ситуација на работно поле. Ви се допаѓаат сите маани и доблести кои ги гледате кај вашиот партнер. Можни се респираторни инфекции и проблеми со синусите.

РИБИ

Може да очекувате позитивна можност за промена на работното место. Околностите во кои се наоѓате ви одат во прилог. Ве очекува ново познанство кое може да води до сериозна врска. Проблеми со стомакот.

Прегледи:
812
Објавено на:
01.04.2020