Сончевите денови се пред нас, а во овој период од годината сакаме особено да заблескаме посветувајќи внимание на својот изглед. По намалување на мерките за забрана на движење, имаме доволно време да уживаме во своите омилени третмани и да ја вратиме свежината во изгледот по подолгиот период поминат во домот.
View this post on Instagram
Сепак, здравјето мора да биде на прво место и затоа е особено важно да внимаваме при изборот на студио за убавина. Токму затоа, студиото за убавина La Sensa почнувајќи од утре, со работно време од 10 до 17 часот, ви стои на располагање за сите третмани и услуги почитувајќи ги сите препораки за заштита на своите клиенти од било каква опасност.
View this post on Instagram
Тимот на La Sensa е потполно заштитен со маски и ракавици и можете целосно да уживате во многубројните услуги. По долгиот период поминат во карантин, време е да ја освежите својата коса, да го бојадисате подраснатиот корен, да направите некоја нова фризура, да ги разубавите и рацете со пролетен маникир, како и маски за нега на рацете и нозете, педикир, солариум, масажи, а пред почетокот на летото задолжително освежување на кожата на лицето со најквалитетната козметика за пилин и маски за лице.
View this post on Instagram
Време е за пролетно разубавување, почитувајте ги мерките, изберете квалитет, сигурност и заблескајте во најубавиот период од годината со третманите во La Sensa студиото за убавина.