Традиционалната медицина истакнува бројни лековити својства на магдоносот во борбата со разни здравствени проблеми
Ова растение има бројни лековити својства освен тоа што е незаменливо во секојдневните јадења. А она што е најважно кај магдоносот е тоа што е целосно лековито – од коренот, до листовите и семето.
Во случај на отежнато мокрење, треба да измешате корен, лист и семе и ситно да ги исецкате. Потребни се пет лажици. Мешавината се готви пет минути во 500мл вода, а потоа се остава да одстои 20 минути па се процедува. Се пие по една шолја, три пати на ден. Овој чај истовремено е делотворен и кај отеченост на нозете.
Кога се работи за очни воспаленија, две лажици ситно исецкани листови од магдонос треба да се варат во 300мл вода, 2-3 минути, потоа содржината се остава да излади и се цеди низ стерила крпа или газа. Добиениот чај се користи за плакнење на очите повеќе пати на ден, а навечер се ставаат облоги да одстојат подолго време.
Облогите се припремаат така што се земаат неколку гранчиња од листови магдонос, внимателно измиени, и се ставаат на очните капаци и очите се прекриваат со газа. Облогите се отстрануваат дури наутро, во замрачена просторија.