Категории

Природни лекови за сува кожа – Вратете и ја еластичноста на кожата на природен начин

Овие природни состојки кои можете да ги најдете во вашата кујна се одличен начин да и ја пружите соодветната нега на вашата кожа

За вашата кожа да остане здрава и хидрирана, дерматолозите препорачуваат да конзумирате повеќе домати кои ќе ја заштитат вашата кожа од УВ зрачењето. Сардината е одличен избор кој е богат со омега-3 масни киселини како и листовиден зеленчук кој ги неутрализира слободните радикали.

Но што да направите доколку на вашата кожа и е потребна хидратација и тоа веднаш? Овие природни намирници се одлични во борбата при сува кожа.

Мед и млеко
Мастите и млечната киселина кои можеме да ги пронајдеме во млекото можат да имаат исклучително смирувачки ефект кога се применуваат врз надразнета кожа – едноставно подгответе облога од ладно млеко и нанесете ја на кожата. Медот е природно сретство за одржување на влажноста, што значи дека привлекува и задржува влага а исто така поседува и антибактериски и антифунгални својства кои помагаат во борбата против микробите кои можат да се најдат во вашата кожа.

Кокосово масло
Освен тоа што на природен начин ја навлажнува вашата кожа, кокосовото масло исто така содржи антибактериски, антифунгални и антивирусни својства. Кокосовото масло е особено нежно спрема кожата склона кон акни.

Маслиново масло
Некои дерматолози велат дека редовното конзумирање на маслиново масло покажува помалку знаци на стареење од луѓето кои не го кознумираат. Причината се крие во полифенолите, состојки во маслиновото масло кои имаат својства на антиоксиданси.

Соја
Било да ја подготвувате локално или како дел од исхраната, таа може да ја зголеми еластичноста на кожата и да го забави разбивањето на колагенот.

Зелен чај
Зелениот чај го штити телото од штетните УВ зраци, а кога се применува локално, може да ви помогне во борбата против црвенилото, акните и егземите.