Категории

Дали сте зависник од шеќер?

Дали ви се случило некогаш едноставно да не можете да кажете „Не“ кога е во прашање сладок десерт? Дали некогаш сте изеле цело паковање слатки за неколку минути, и дали некогаш сте почувствувале дека не можете да преживеете ден без нешто слатко?

Дали сте зависник од шеќер?
Истражувачите од училиштето за медицина Icahn, во Њујорк, откриле дека шеќерот може да предизвика завиност дури и до осум пати посилна од завиноста од кокаин. Спрема истражувањата, храна која предизвикува најголема завиност е пицата и тоа поради големиот број на сокриени шеќери кои можеме да ги пронајдеме во само едно парче. А со пицата, тука е и чипсот, кексите и сладоледот.

Шеќерот е насекаде
Како и кокаинот, шеќерот го поттикнува производството на допамин поради што веднаш почнуваме да се чувствуваме одлично. Меѓутоа, тоа чувство не трае долго и поради тоа мозокот бара уште, а со тек на време ќе бара се повеќе и повеќе за до достигне тоа чувство на еуфорија. За жал, не треба многу труд за да ја задоволите потребата за оваа зависност затоа што шеќерот е речиси секаде. Во овесните снегулки, јогуртот и протеинските плочки кои ги бие глас дека се здрава храна, всушност можат да ја задоволат вашата зависност од слатко.

Намалете го внесувањето на шеќер
Од претераното конзумирање на шеќери нема да станете само зависник – можете и да развиете дијабетес, срцеви болесни и акни. Како да ја намалите желбата за слатко? Нека водата биде ваш главен пијалак, јадете здрава храна и наместо паковани грицки, вежбајте и спијте доволно.

Прегледи:
694
Објавено на:
24.05.2020