Категории

Трендови во маркетинг за 2020 година

Маркетинг секторот мора постојано да расте со следење на најновите трендови. Без разлика на тоа дали сте сопственик на мал бизнис кој самостално сака да проучи како подобро да се рекламира, или сте веќе етаблиран бренд кој сака да придобие повеќе купувачи – ова се маркетинг тредовите за 2020 година.

 

Facebook за повозрасни, Instagram за помлади

Порано, се пристапуваше кон рекламирање преку социјалните медиуми само за да се дојде до помлада публика. Но, најновите истражувања покажуваат дека 41% од корисниците на Facebook имаат над 65 години. Значи, официјално, дигиталните платформи станаа најдобар начин за рекламација, без разлика на возраста на вашата демографија – само треба внимателно да се избере таргетирањето. Повозрасната публика ќе ве следи на Facebook, а помладата, на Instagram, Snapchat и TikTok.

Чат-ботовите ќе ја доминираат грижата за корисници

80% од бизнисите веќе се изјаснуваат дека сакаат да имаат чат-бот како грижа за корисници. Може и да видиме зошто: 24-часовна достапност, нема чекање редици за услуга и нема плаќање на работници. Во истражување на Tidio research од почетокот на 2020, дури 43% од испитаниците кажале дека преферираат чат-бот да им одговара на прашањата отколку вистински човек.

ПР текстови со квалитетно напишана содржина се побитни од било кога

Убаво уреден ПР текст е сѐ уште многу актуелна маркетинг алатка. Луѓето не читаат повеќе толку книги, но секој сака да прочита интересен текст на актуелен блог сајт. ПР текстовите не одат никаде – баш напротив, побитни се од било кога во минатото.

Електронските пошти стануваат поперсонализирани.

Електронската пошта сѐ уште е еден од најбитните начини на комуникација помеѓу физички лица и бизниси. Со тоа, секако дека таа е и алатка за маркетинг. Но, повеќе не функционираат автоматизирани и генерични е-маил пораки. Сега, е-маил маркетингот мора да е поперсонализиран.

Интерактивна содржина

За еден бренд да остане релевантен и запамтен, многу е битно неговото присуство на социјалните медиуми да е интерактивно. Прашања, анкети, тагирања, секаков вид на интеракција со следачите, гарантира успех на брендот.

Присуство на сите платформи

За крај, најбитно е да не изостанувате од релевантните платформи. Дури и вашата целна демографија да не е на некој социјален медиум, користете го и тој медиум токму за да постоите и таму и да се зборува за вас.

 

Доколку ви треба маркетинг експерт за развивање на вашиот бизнис, наша топла препорака е Happiness marketing.

 

Прегледи:
656
Објавено на:
27.05.2020