Категории

Денес е Светски ден на океаните

Денес е светски ден на океаните. Иако немаме океани блиску до нашата географска положба, сепак, океаните се подеднакво битни за нас како и за сите луѓе и други живи суштества на Планетата Земја.

 

Океаните продуцираат повеќе од пола од кислородот кој го дишиме (односно фитопланктоните во океаните), и апсорбираат 50 пати повеќе јаглероден диоксид од атмосферата.

Тие ја регулираат климата. Со тоа што покриваат повеќе од 70% од планетата, со своите струења ја транспортираат топлината од екваторот до половите и обратно, што значи ги балансираат климатските разлики.

Исто така, околу 70% од светската трговија се врши преку меѓуокеански транспорт.  Но, можеби најбитните бенефиции од океаните се храната и лекарствата што доаѓаат од нив. Тие не ни даваат само морска храна, туку и состојки кои се потребни за голем број од нашата секојдневна исхрана, како соино млеко, путер од кикирики и многу други. А, нѐ снабдуваат со состојки за лекарства кои се борат со рак, артритис, Алцхајмерова болест и срцеви болести.

 

Прегледи:
891
Објавено на:
08.06.2020