Категории

Модерни чадорчиња кои ќе се совпаднат со вашите модни дождливи комбинации

Кој вика дека чадорот мора да е само заштита од дожд? Покрај тоа, тој може да биде и додаток на Вашата модерна дождлива комбинација.

Женствен чадор

За нежни и женствени комбинации, користете ист таков чадор – во неутрална боја, со минималистички, но убави шари – како точки или нежни цветчиња.

Црн, класичен чадор

Носете црн, класичен чадор, ако сте облечени во бизнис облека – сако, кошула, поелегантни чевли. Бонус поени ако дршката на чадорот е малку екстравагантна, на пример, во некоја металик или златна нијанса.

Чадор во детски стил

Дали една возрасна девојка „смее“ да носи чадор во детски стил? Смее, и тоа како! Особено ако чадорот е со прозирен дел и ако е во комбинација со кежуал модна комбинација.

Чадор со уметнички шари

Ако сакате да бидете храбри во модата, и испробувате разни стилови, со шик чанти и чевли – модерен, интересен и „арт“ чадор е уште еден неопходен аксесоар.

Црно-бел принт

Црвен кармин, остра пунџа, kitten штикли – што фали овде? Чадор во црно бел принт!

 

 

Прегледи:
559
Објавено на:
22.06.2020