Категории

Мали совети за подобар и поуспешен ден кои ќе ви бидат од корист

Физичкото, духовното и менталното здравје се исклучително важни, секојдневно држете се до овие совети кои ќе ви помогнат да го постигнете идеалниот баланс.

Уметноста на комуникацијата
Создавањето нераскинливи врски со луѓето претставува доживотно вложување. Со цел да создадете ваков вид на однос не морате постојано да ја импресионирате другата личност, да бидете генијалци или претерано духовити затоа што креирањето на комуникација претставува двонасочен процес. Квалитетната врска се гради така што ќе покажете интерес за разговор и внимателно ќе ја слушате другата личност. Прилагодете ја својата конверзација на личноста со која зборува и водете грижа за невербалната комуникација.

Водете грижа за вашето тело
Хроничните болки не само што го отежнуваат секојдневието, туку и влијаат на психичкиот аспект на поединецот. Неретко се појавува вина дека не можете да се занимавата со вообичените активности. Константните тегоби, стресот, исцрпеноста а понекогаш и осаменоста ја зајакнуваат болката.Практикувајте лесни важби со помош на дишење така што ќе се обидете да создадете бариера помеѓу болката и телото. Научно е докажано дека длабокото дишење го намалува нивото на болка. Пружете си љубов на своето тело и благодарност за трудот кој го вложувате за да се исцели.

Правете прошетки секој ден
Шетањето во времетраење од 25 минути по зелени пространства како што е полиња или обичниот градски парк може да ви одведе во медитативна состојба. Ваквата прошетка ќе го намали менталниот замор и ќе го зголеми нивото на когнитивните функции. Фокусирајте се на сензациите кои ги добивате од опкружувањето и за промена обидете се да чекорите без крајна дестинација.

Посветете се на учење на нови нешта
Човек учи додека е жив а учењето е еден од најдобрите начини вашиот мозок да остане во сјајна кондиција. Меѓутоа како и физичката вежба и менталниот напор бара труд а тоа не е секогаш лесно и едноставно. Доколку ова лето се подготвувате да полагате испити или подготвувате важна презентација на работа најдобро е пред учењето на прошетате дваесет минути и да читате на глас наместо во себе. Направете мали паузи и наградете се себеси со нешто кое го сакате после секое научено поглавје.

Прегледи:
505
Објавено на:
26.06.2020