Дали сте знаеле дека постои биолошко објаснување зошто мажите ги привлекуваат одредени жени? Зошто за некои луѓе се врзуваме а за некои не? Дали е во прашање некоја неопишлива духовна врска?
Вистината е таа дека привлечноста не е воопшто случајна. Науката може да ни објасни зошто имаме посебни чувства спрема некоја особа која ни се „фатила“ за око.
Начинот на кој изгледате, мирисате и звучите се само некои од деловите кои несвесно ги привлекуваат мажите за одредена жена.
Колкови
Едно истражување спроведено во 2017 година открива дека поврзаност помеѓу бројот на деца и обемот на струкот и колковите кај жените. Жените кои родиле повеќе деца во просек имаат поголем обем на колкови и струк.
На потсвесно ниво мажите ги привлекуваат жени со поголем обем на колкови затоа што го поврзуваат со плодноста.
Долга коса
Ако некогаш сте мислеле дека мажите преферираат жени со долга коса, сте биле во право. начинот на кој жената ја носи косата влијае на тоа како ја гледа спротивниот пол, покажува една студија од 2004 година објавена во магазинот Human Nature. Ова истражување покажало дека мажите ги оценуваат жените со долга коса како поздрави и попривлечни.
Црвен кармин
Жените веќе со децении користат црвен кармин на усните или руменило на образите за да ги привлечат мажите, а бројни студии докажуваат дека црвената боја влијае на човековата привлечност.
Таа привлечност е забележана која на мажи им биле покажани фотографии на жени кои носат црвен кармин или црвен фустан.
Природен мирис
Колку и чудно да звучи ова, една жена на мажот може да му биде привлечна поради својот природен мирис. Иако многу луѓе знаат дека хормонот феромон има доста специфичен мирис, науката позади привлечноста не е многу позната.
Истражувањето открило дека женскиот циклус влијае врз феромоните кои ги „емитува“.
Очи
Кога ќе го прашате било кој маж што му е привлечно кај жената, веднаш ќе ги спомене нејзините очи. Постои вистинска причина поради ставаме толкаво нагласување на очите на луѓето кои не привлекуваат а тоа не е затоа што очите се прозорец на душата.
Мажите повеќе ги привлекуваат бистри и светли очи. Независно од бојата, важна е светлината на целото око. Се верува дека во еволуцијата светлите очи се гледаат како здрави, додека сувите очи се поврзани со стареењето.
Гласот
Не е се во изгледот. Машките учи исто така играат улога во одредувањето на привлечноста на жената. Баш како и кај мажите, женските гласови се менуваат како што стареат.
Како што нивото на естроген се намалува, нивниот тон се снижува и продлабочува. На мажите им се попривлечни жени со повисок тон на гласот, бидејќи таа склоност се однесува на младоста затоа што жените имаат повисок глас а перцепцијата е таа дека жената делува поздрава.