Категории

Не труди се да задржуваш никого – Сите имаат право да ја пронајдат својата среќа

Немој да се држиш тврдоглаво и цврсто за некој кој не сака да остане покрај тебе. Ќе те боли и ќе те сруши на илјада парчиња, ти си оној кој држејќи се ќе биде повреден. 

На луѓето име  дозволено да те напуштат, да се разделат од тебе. Ним им е дозволено да не сакаат да бидат со тебе, да не сакаат да зборуваат со тебе, да ја стават сопствената среќа пред твојата.
На луѓето им е дозволено да бидат среќни иако таа среќа не те вклучува тебе.

Ним им е дозволено да те преболат и да те заборават. На луѓето им е дозволено да прават што сакаат, да се посветат на себеси и да се обидуваат да станат подобри луѓе далеку од тебе.
Немој да ги ограничуваш, немој да го задржуваш оној кој сака да замине.

Немој да се држиш тврдоглаво и цврсто за некој кој не сака да остане покрај тебе. Ќе те боли и ќе те сруши на илјада парчиња, ти си оној кој држејќи се ќе биде повреден.

Пушти ги, немаш право да ја попречуваш ничија среќа. Немаш право да бидеш суров и горчлив спрема некој кој само сака да биде среќен.

Прегледи:
518
Објавено на:
03.07.2020