Категории

Корисен трик како да ја направите заштитната маска поефикасна

Канадска докторка сподели совет како да ја наместите хируршката маска за да ве штити повеќе

Многу луѓе како што кажува таа особено оние со ситно лице имаат проблем со маските затоа што од страните се појавуваат отвори поради што лицето е изложено повеќе отколку што треба. Но Оливија сподели одличен трик кој дава решение за овој проблем.

Се што треба да направите е:
Пред се добро да ги измиете рацете за да бидат потполно чисти.
Превиткајте ја маската на половина и заврзете чворови на ластиците што поблиску до маската.
Отворете ја маската. Малите отвори ставете ги на секоја страна околу ушите.
Во недостаток на N95, ова може да послужи како добра алтернатива така што на овој начин маската подобро лежи на лицето и повеќе го штити.

Прегледи:
518
Објавено на:
18.07.2020