Најочекуваната кралска венчавка оваа година – Принцезата Беатрис се омажи за своето момче во интимна свадбена церемонија
На интимната венчавка присуствуваа само најблиските на кралското семејство. Принцезата Беатрис го кажа судбоносното „Да“ на италијанскиот грог Едуардо Мапели Моци.
Церемонијата се одржа во малата капела во дворецот Виндзор, што ја прави првата кралска венчавка која се одржала во тајност по повеќе од две децении за што причината овој пат беше состојбата со Ковид-19.
Принцезата Беатрис носеше фустан кој е креација на Norman Hartnell и припаѓа на кралицата Елизабета. Таа го носеше во 1962, а принцезата направи соодветни поправки. Круната која ја носеше принцезата исто така беше подарок од кралицата која ја носеше на својата свадба.
Принцезата беше испратена до олтарот од својот татко, принцот Ендру. На интимната церемонија присуствуваше и кралот Филип и кралицата Елизабета II, фотографиите беа направени од нејзината помлада сестра принцезата Евгенија.
Кралскиот пар се вери на 26 септември минатата година