Категории

Зошто мачките ја менуваат бојата на својот нос – Дали тоа треба да ве загрижи?

Бојата на носето на мачките понекогаш е светлорозева а понекогаш станува темнорозева

Можеби сте забележале дека носето на вашето милениче умее да ја промени бојата па од светлорозево да стане темнорозево. Дали е тоа причина за загриженост?

Носевите на мачките ја менуваат бојата кога мачката е возбудена и среќна после играње или кога е под стрес, и кога ќе се исплаши. Тоа се случува кога ќе дојде до ненадеен раст на бројот на отчукување на срцето, односно забрзан пулс и скок на крвниот притисок – објаснува др. ветеринар Џени Кистлер од болницата за животни Brandermill во Вирџинија.

Нема причина за загриженост ако бојата на носот набрзо се врати во нежнорозова боја како и порано..

Важно е да се знае дека температурата на телото има улога во овој феномен. Носот на мачката е дел од телото каде се изразени крвните садови па поради тоа реагира на промена на температурата на телото на мачката која може да биде предизвиката од надворешните темпертури.

Кога е студено, бојата на носот на мачките е во светла боја а во текот на летните денови е потемна.

Прегледи:
581
Објавено на:
03.08.2020