Најчести грешки при употребата на регенераторот за коса
Ако сакате вашата коса добие сјај и мекост, употребата на регенератор за коса е неопходна. Освен што ја прави мазна и свиленкаста, тој ги нахранува врвовите и спречува пукање на влакното.
Доста е важно да знаете дека регенераторот за коса не смеете да го употребувате во коренот затоа што на тој начин вашата коса брзо ќе се измасти и ќе биде „сплескана“ и без волумен.
Регенераторот за коса употребувајте го по должината од ушите надолу.
Пред да го нанесте, добро измијте ја косата од шампонот и избришете ја со пешкир. Оставете регенераторот да делува 15-30 минути, потоа исплакнете.