Категории

Се ожени најпосакуваниот турски актер – Бариш Ардуч познат како „Вљубениот ерген“

Бариш Ардуч кај нас познат по улогата на Омер во серијата „Вљубениот ерген“ го кажа судбоносното Да со својата долгогодишна партнерка Гупсе Озај

Понзатиот турски актер Бариш Ардуч (32) кој важи за миленик на женската публика, заплива во брачните води со својата долгогодишна партнерка – актерката Гупсе Озај (36) со која претходно беше во врска 6 години.

Поради пандемијата со вирусот Covid-19, парот се одлучи за скромна венчавка на која присуствуваа кумовите и најблиските, додека големата веселба открија дека ја планираат за следната година.

Неодамна од блиски извори на парот беше изјавено дека парот го очекува своето прво дете.

 

 

Прегледи:
1250
Објавено на:
06.08.2020