Категории

(ВИДЕО) Нов мејкап тренд – Емили Ратајковски се шминка со сунѓер за туширање

Доколку мислите дека во светот на убавината веќе има доволно луди трендови, се лажете.. Шминкерот на Емили Ратајковски користи сунѓер за туширање за нанесување на течната пудра.

Еден од најпознатите и најдобрите мејкап артисти – Хунг Ванго кој ги шминка сите познати холивудски ѕвезди и модели, на голема радост на сите вљубенички во шминкањето, отвори свој Youtube канал. Прв гостин му беше Емили Ратајковски на која и е личен шминкер веќе 5 години.

Во видеото тој прикажува чекор по чекор како ја шминка, а за потребата на нанесување на течна пудра тој употребува – сунѓер за туширање. Хунг изјавува дека и покрај бројните професионални алатки за шминкање кои се денес достапни во светот на убавината, тој преферира употреба на обичен сунѓер кој го користиме за туширање.

 

Прегледи:
618
Објавено на:
19.08.2020